80 Години 11 Октомври

ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје

ЗА НАС

ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје е институција посветена на обезбедување сигурна и професионална грижа за деца без родители и без родителска грижа. Нашиот современ модел на работа се базира на сместување во пет станбени единици и тесна соработка со згрижувачки семејства, со цел да се обезбеди стабилна, грижлива и поттикнувачка средина за развојот и благосостојбата на секое дете.

Посветени сме на создавање услови каде децата можат да растат во атмосфера на почит, безбедност и еднакви можности за личен, образовен и социјален развој.

Вредности

  • Достоинство и еднаквост – Секое дете и секое згрижувачко семејство заслужуваат поддршка, почит и еднакви можности
  • Индивидуален пристап – Работиме со фокус на специфичните потреби на децата и на згрижувачките семејства
  • Семејна атмосфера – Ги градиме нашите услуги врз вредности на доверба, топлина и стабилност – и во станбени единици и во згрижувачки семејства
  • Стручност и партнерство – Создаваме силна врска помеѓу стручниот тим и згрижувачите, преку постојана едукација, поддршка и заедничко дејствување
  • Интеграција и развој – Поттикнуваме социјално вклучување и развој на потенцијалот на секое дете
  • Заштита и сигурност – Го штитиме детето и го поддржуваме згрижувачкото семејство како најважен елемент во процесот на згрижување.

Галерија

Нашата галерија










В.Д.

Директор

м-р Павлина Трајановска

Контакт

Контактирајте не

Адреса

ул. Св. Кирил и Методиј бр.48, 1000 Скопје

Телефон

02/3113-254

Се праќа...
Вшата порака е пратена. Ви благодариме!