ЗА НАС
ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје е институција посветена на обезбедување сигурна и професионална грижа за деца без родители и без родителска грижа. Нашиот современ модел на работа се базира на сместување во пет станбени единици и тесна соработка со згрижувачки семејства, со цел да се обезбеди стабилна, грижлива и поттикнувачка средина за развојот и благосостојбата на секое дете.
Посветени сме на создавање услови каде децата можат да растат во атмосфера на почит, безбедност и еднакви можности за личен, образовен и социјален развој.
Вредности
- Достоинство и еднаквост – Секое дете и секое згрижувачко семејство заслужуваат поддршка, почит и еднакви можности
- Индивидуален пристап – Работиме со фокус на специфичните потреби на децата и на згрижувачките семејства
- Семејна атмосфера – Ги градиме нашите услуги врз вредности на доверба, топлина и стабилност – и во станбени единици и во згрижувачки семејства
- Стручност и партнерство – Создаваме силна врска помеѓу стручниот тим и згрижувачите, преку постојана едукација, поддршка и заедничко дејствување
- Интеграција и развој – Поттикнуваме социјално вклучување и развој на потенцијалот на секое дете
- Заштита и сигурност – Го штитиме детето и го поддржуваме згрижувачкото семејство како најважен елемент во процесот на згрижување.
Галерија
Нашата галерија
В.Д.
Директор
м-р Павлина Трајановска
Контакт
Контактирајте не