Настани

Словачка амбасада и здружение ОД СРЦЕ ВО СРЦЕ

17.12.2021

Словачка амбасада и здружение ОД СРЦЕ ВО СРЦЕ
Госпоѓа Жанет Маркушова, сопругата на словачкиот амбасадор кај нас, заедно со здружението Од срце во срце, ги изрдуваа децата со новогодишни пакетчиња кои ги наменија за секое дете во малите групни домови.
ОУ Кемал Ататурк-Гостивар

14.12.2021

ОУ Кемал Ататурк-Гостивар
Родителите и вработените од петите одделенија во ОУ Кемал Ататурк, приредија прекрасно предновогодишно изненадување. Пакетчињата наменети за децата тие ги спакувале шарено и со љубов ги дотерале во сите бои на виножитото.
Град Нинберг-Германија

14.12.2021

Град Нинберг-Германија
Нашиот долгогодишен соработник градот Нинберг од Германија традиционално и годинава донира она што им е потребно на децата. Донацијата овој пат се: елки, разни украси за елките и зимски обувки за сите деца од малите групни домови.
Завршна изложба на фотографии од проект

22.10.2021

Завршна изложба на фотографии од проект
Од сработеното при едукативниот курс „Разбуди ја креативноста“ на децата од малите групни домови при домот, во Зелената градина на Градскиот Трговски Центар-Скопје се одвиваше настанот за завршната донаторска изложба на оние деца кои го посетуваа овој проект со 40 нивни интересни фотографии.
Традиционлна хуманитарна акција на родителите и децата од градинката „13 Ноември“-Скопје

12.10.2021

Традиционлна хуманитарна акција на родителите и децата од градинката „13 Ноември“-Скопје
Убавата порака за децата кон кои е наменета традиционалната хуманитарна донација, напишана од децата и родителите во организација на градинката „13 Ноември“ од Скопје како поддршка на малите групни домови, на сите им измами насмевка.
Донација од СТРАБАГ АГ, Подружница Страбаг Скопје

30.09.2021

Донација од СТРАБАГ АГ, Подружница Страбаг Скопје
Подружница Страбаг АГ Скопје донира добра во вид на компјутерска опрема, принтери, стерилизатор и други реквизити во вид на цуцли, шишиња и други слични потреби за доопремување на Центарот за поддршка и Одделот за згрижувачки семејства за мајки со деца како и за малите групни домови од Детскиот Дом во вредност од 300000 денари.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и тековни информации.