За домот

ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје е установа која врши сместување на деца без родители и родителска грижа, дава основна заштита, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, облека, храна и здравствена заштита.

Нашата цел

За нас

Во малите групни домови се сместуваат деца без родители и родителска грижа на кои им е потребна вонсемејната заштита, помош од стручни лица, третман, облека и здравствена заштита.

Во овие домови корисниците имаат поквалитетен пристап на услуга на едно повисоко ниво, 24 часовна поддршка од стручни лица. Во групните домови сместени се помали број на корисници и тоа од 5 до 7 деца максимум и овој карактеристичен облик на грижа е доближен до оној како во биолошките семејства.

Нашата визија

Работиме
за иднината

Во домот, корисниците на услуги имаат пристап до образование, социјални, културни и рекреативни активности, различни животни вештини, во зависност од нивните потреби. Установата ги згрижува во малите домови оние деца кои немаат други можности, до нивно оспособување за самостоен живот и работа, најдоцна до завршување на средното образование.

Нашата историја

  • x

    Домот започна со работа како место каде после војната се згрижени деца избеглици од Егејска Македонија, кои останале без родители како последица од Граѓанската војна во Грција.

    1946
  • x

    Установата е основана со решение на Градското собрание на Град Скопје бр.8242/1 од 04.10.1965 г. за основање на Детскиот дом „11 Октомври“ - Скопје

    1965
  • x

    Со број 07-36362 од 28.12.1972 г. Установата продолжува да работи под името Центар за заштита на деца и млади „11 Октомври“- Скопје, запишано во Окружен Стопански Суд под број 2338/73 и основач на Собранието на Град Скопје

    1972
  • x

    Со број 2-1474 од 04.11.1983 г. и акт број 16-6097 од 21.11.1983 г. од Собранието на Општина Центар, Детски дом „11 Октомври“-Скопје се организира со издвојување од составот на „РО Центар за заштита на младинци-Младост“- заведено во Окружен Стопански Суд- Скопје ФИ, бр.1267 од 30.12.1983 г.

    1983
  • x

    Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија број 23-3130 од 09.12.1999 г. Установата продолжува да работи под името ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје, според уписот во Основниот суд Скопје 1, Скопје- Срег.број 325/2003 од 17.06.2003 г.

    1999
  • x

    Установата е регистрирана во Централниот Регистар на РМ од 17.01.2007 година под дел со број 30120070000619.

    2007
  • x

    Согласно Одлуката за утврдување на мрежата на јавните Установи за социјална заштита број 41-2743/1 донесена од Владата на Република Македонија на 01.05.2013 година, Службен весник на Република Македонија бр. 67/2013, Установата продолжува да работи како ЈУ Детски Дом „11 Октомври“ - Скопје.

    2013
  • x

    До крајот на 2018 година целосно се промени промените на функциите на Домот за деца без родители „11 Октомври“ - Скопје и децата се сместени во Организациите на Единици во Скопје, кои работат 4 мали групи домови.

    2018
  • x

    Со длука од Владата на РСМ бр.40-3499/1 од 23.03.2021 г. одобрено е проширување на дејноста: со сместување и без сместување на корисниците на услуги во Установата.

    2021

Направете донација

Би сакале да помогнете со донација? Внесете ги Вашите информации подолу или закажете состанок. Нашиот тим ќе ве исконтактира во најбрз можен рок.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и тековни информации.